Услови за користење на услугите

Услови за користење на услугите на АстерХост:

1. АстерХост го задржува правото без претходно известување да ги измени условите за
користење, цените и карактеристиките на услугите што ги нуди.
Корисниците на услугите на АстерХост се должни без никакви ограничувања да ги прифатат новодоставените услови.

2. АстерХост има право без никакви претходни известувања да ги суспендира, ограничи или
исклучи/стопира услугите на клиентите кои ќе ги прекршат условите за користење на
АстерХост или пак постоечките закони. АстерХост исто така го задржува правото на барање
од надлежни Владини служби да ги достави информациите кои ги поседува за даден корисник
доколку се установи дека тоа ќе помогне во процесот кој се води од надлежните служби. Во
таков случај, Вие се согласувате дека во никој случај, без временски ограничувања, нема да
го сметате АстерХост за одговорен.

3. Вие се согласувате да во процесот при првична и сите останати дополнителни регистрации за
користење на услугите на АстерХост доставувате валидни и точни Ваши информации. Вие
исто така се согласувате дека доколку постои промена на информациите барани во
регистрацијата, навремено ќе го известите АстерХост.

4. По исплаќање на долгот за користење на услугите или по активирање на Вашиот статус како
клиент на АстерХост по основа на претходен договор, ќе Ви бидат доставени инструкции за
користење на услугите. Инструкциите ќе ги вклучуваат Вашата лозинка и корисничко име.
Ваша одговорност е доставените информации да ги чувате како доверливи и да не ги
споделувате со никого. Вие исто така сте одговорни за сите активности произлезени од тоа
корисничко име доколку не се воспостави поинаку. Вие исто така се согласувате да ги
известите администраторите на АстерХост (support@asterhost.net) доколку забележите било
какви сомнителни активности, oсобено за оние кои ги вклучуваат Вашето корисничко име и
лозинка.

5. Зависно од доставените или договорените услуги кои Ви се овозможени за користење, Вие се
согласувате дека ќе ги почитувате поставените правила и нема да ги надминувате и преоптеретувате

договорените спецификации, вклучувајќи количество на пренесени
информации преку комуникациски канали (bandwidth), бројот на e-маил кориснички имиња,
веб и е-маил простор достапен за користење и други. Доколку постои дополнителен договор
со АстерХост за можни надминувања, Вие се согласувате истиот да го почитувате и да ги
подмирите Вашите обврски како што е барано во договорот.

6. АстерХост се согласува да прифати порнографски содржини доколку истите ги задоволуваат
законските норми како на пример: наменета публика за порнографските содржини да е на
возраст од или над осумнаесет (18) години, содржините да не вклучуваат материјали од лица
помали од осумнаесет (18) години и друго. Клиентите се задолжуваат пред објавување на
порнографски материјали дополнително да го проверат изворот како и податоците за истите.
АстерХост не одговара за нарушување на законски норми од страна на клиентите и се
согласува дека при затекнување на илегална содржина се обврзува истата во најбрз можен
временски период да ја отстрани и да го суспендира клиентот без претходно известување.

7. Вие како клиент на АстерХост услугите исто така се согласувате дека нема да доставувате
или работите со нелегална содржина, или содржина која нарушува авторски или останати
права, вклучувајќи, но не ограничено на дигитализирани аудио/визуелни фајлови,
извршувачки фајлови, архивски фајлови и сите останати видови на фајлови и материјални
средства. Вие исто така се обврзувате дека преку услугите на АстерХост нема да вршите
никаков вид на илегална трговија на било какви легални или илегални средства.

8. Вие сте обврзани при поставување на било каква дата преку услугите на АстерХост, во обзир
да ги земете локалните, државните и интернационалните закони и истите да ги почитувате.

9. АстерХост исто така го задржува правото да преземе соодветни мерки спрема корисниците
кои ќе ги искористат услугите на АстерХост за да дозволат пристап до нелегални содржини.

10. Вие исто така се согласувате дека нема да загрозувате или собирате доверливи информации
на други корисници, АстерХост или друго лице или организација. Корисниците исто така се
обврзуваат да ги почитуваат правата на приватност на АстерХост, останатите клиенти на
АстерХост и сите инволвирани страни.

11. Доколку услугите на АстерХост се користат за собирање на доверливи информации преку веб
страни, корисникот на истите, се согласува дека е обврзан да постави соодветна полиса за
приватност која на посетителите/корисниците на веб страната ќе им даде до знаење за
постапката.

12. Вие се согласувате дека нема да ги користите услугите за складирање или дистрибуција на
злонамерни кодови, скрипти и било каков друг вид на злонамерен софтвер кој може да доведе
до создавање на софтверски или хардверски грешки, намалување на брзината на работење
на компјутерот, или на било каков начин да ја загрози сигурноста на системите на АстерХост,
клиентите или пак останати лица и организации.

13. Се согласувате дека нема во никој случај да се обидете недозволено да пристапите до
овластени и доверливи делови на останати корисници на АстерХост или на АстерХост.

14. Вие, со користење на услугите на АстерХост, се согласувате да објавувате содржини кои нема
да дискриминираат на било каков начин и нема да бидат навредливи.

15. Вие се согласувате дека услугите овозможени од АстерХост нема да ги искористите за
дистрибуција на несакана електронска пошта или било каков друг сличен материјал. Вие исто
така се обврзувате да IRC услугите ги користите според правилата дадени при првичната
регистрација за користење.

16. АстерХост го задржува правото да блокира, без претходно известување, внатрешен и
надворешен пристап до е-маил адреси кои нема да ги почитуваат дадените услови за
користење.

17. Вие се обврзувате дека во никој случај нема да ги искористите услугите на АстерХост за
лажни и измамнички активности.

18. АстерХост со цел да им овозможи квалитетни услуги на своите клиенти доставува корисничка
и техничка поддршка 24 часа на ден секој ден во неделата. Доставувањето на оваа поддршка
е самоиницијативно од страна на АстерХост и АстерХост не е задолжен истата да ја
доставува 24 часовно.

19. Користењето на хостинг услугите на АстерХост за IRC (Internet Relay Chat) е забрането и
користење на услуги кои инволвираат IRC е дозволено само на посебните АстерХост сервери
и услуги кои го наведуваат и го дозволуваат тоа.

20. Со користење на услугите на АстерХост, Вие се согласувате дека за било какви
недоразбирања, непријатности и неспогодби кои можат да произлезат од користењето на
услугите, АстерХост не е одговорен во никој случај.

21. По истекот на временскиот период за Ваше користење на услугите на АстерХост, доколку
сакате да го продолжите тој период, плаќањето се врши до или на денот кога тој рок истекува.
По истекување на дадениот рок за користење или продолжување на договорот, АстерХост без
никакво претходно известување ги суспендира или откажува понудените услуги.
При овој процес може целосно да бидат избришани сите Ваши податоци и фајлови, логови, е-маилови,
веб страни и др.